ЕУ официјално ја исфрла „Спутник V“, а зад кулиси се преговара за нејзина употреба

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската унија официјално ја исфрли вакцината „Спутник V“ , прогласувајќи ја за непожелна. Сепак, далеку од очите на јавноста, Брисел ќе се сврти кон употреба на руската вакцина бидејќи мора да спроведе имунизација на 450 милиони граѓани во ЕУ и да го врати животот во нормален тек.

Официјален претставник на ЕУ, кој учествува во преговорите за набавка на вакцини со фармацевтски компании, рече дека владите на земјите-членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на „Спутник V“ врз основа на барањето на четири земји-членки.

Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека и Италија планира да започне со производство на Спутник во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно поради недостатоците во производствениот процес.

Доколку „Спутник V“ се одобри и во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е под трговски санкции од Брисел поради припојувањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, според Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот