ЕУ: Косово мора да спроведе реформи и да ги нормализира односите со Србија за да напредува

За Косово да напредува на европскиот пат потребно е да се исполнат двата клучни услови – спроведување реформи и нормализација на односите со Србија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија задолжена за надворешни прашања и безбедносна политика, соседски односи и проширување, Јулија Мацик. Таа вели дека ЕУ сака да ги укине мерките што беа воведени против Косово во 2023 година и да им помогне на косовските власти да го продолжат патот кон членство во Унијата.

„Комисијата во мај 2025 година ги презеде првите чекори кон постепено укинување на мерките што се во сила. Како што беше претходно кажано, нашата цел е понатамошно укинување на тие мерки. Го поздравуваме мирното предавање на локалната администрација во 4 северни општини и очекуваме новите претседатели на општините да ги претставуваат интересите на сите граѓани“, се наведува во нејзиниот одговор за koha.net.

Коха претходно објави дека ЕУ нема да ги укине мерките против Косово дури ни по предавањето на локалната власт на север на српските претставници кои победија на изборите.

Според информациите на порталот, Франција и Италија, со поддршка на Шпанија, Унгарија и Словачка, на последниот состанок се спротивставиле на укинувањето на мерките воведени кон Косово, а „најмалку 13 држави побарале нивно укинување“.

Според изјавите на некои европски дипломати за koha.net, Европската комисија „се крие зад некои земји-членки и води двојна игра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот