Етнички неопределените ќе се избришат од балансерот и ќе завршат во фуснота

Администрација / Фото: МИА

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити за „Слободенн печат“ најави дека се разгледува можноста од блансерот да бидат избришани седумте отсто етнички неопределени граѓани и тие да бидат ставени во фуснота. Сепак, според Алити, тоа ќе биде само визуелна промена, бидејќи сепак неопределените при вработување ќе треба да бидат пропорционално распределени. Ставот на министерот доаѓа откако Владата застана зад Алити дека во балансерот ќе се бројат и нерезидентните граѓани, но укажа дека треба од него да се извадат оние кои не изразиле етничка припадност, односно седум проценти од граѓаните.

Балансерот не познава категорија неопределени. Сметам дека во практика ќе нема разлика и ако ги тргнеме од балансерот, бидејќи само визуелно ќе стои дека 54 проценти се Македонци, 29,5 отсто се Албанци…, бидејќи тие 7 проценти повторно ќе треба пропорционално да се распределат иако не се изјасниле, односно повторно при вработување во институциите 58 проценти ќе треба да се Македонци, 31,5 отсто Албанци.  Се разгледува варијантата овие 7 отсто да се избришат од балансерот и неопределените да се стават во фуснота. Не сакаме од ова да правиме политика – ни изјави Алити.

Според Владата балансерот н е нова алатка, туку е направена за време на претходната власт, согласно пописот во 2002.

Она што сега е случај е што балансерот е коригиран согласно пописот во 2021 година. Она што треба да се направи како дополнителна корекција е да се извадат од балансер оние кои не изразиле етничка припадност, односно 7.2 проценти од граѓаните во Северна Македонија – велат од Владата.

Според Владата, за скокот на процентот кај Албанците кој се искачи на 29 отсто, виновни се опозициските партии, кои пропагирале бојкот на пописот.

– Бојкотот на пописот што како стратегија ја имаа дел од опозициските партии се покажува како погрешна и спротивна на државните интереси и интересите на граѓаните. Статистичките податоци се од особена важност за креирање политики и за натамошен развој на Северна Македонија. Одговорно однесување е ако се поддржат сите активности коишто ги остваруваат овие цели – велат од Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот