Естонија ќе ја има публиката против најдобрите македонски кошаркари!

Фото: kfsm.mk

Квалификациските натпревари од групата „Б“ за пласман на Европското првенство во 2022 година, кои се планирани да се играат во периодот од 28-30 ноември 2020 година, ќе се играат со присуство на публика.

Иако здравствените прилики во Европа, но и во целиот свет, се далеку од идеални, во последно време е забележан е пораст на заразени со коронавирусот, организаторот на „балонот“ во Талин (Естонија), доби дозвола од ФИБА, мечевите да бидат со присуство на гледачи.

Секако, со строго контролиран протокол кој вклучува задолжително носење на заштитни маски на сите присутни во салата „Саку Сурхал“ во Талин. Контролирани влегување во објект на комплетно прегледани посетители, и соодветен простор за хендикепирани лица.

Фото: kfsm.mk

Кошаркарската федерација на Естонија ги објави и цените на билетите за натпреварите. Ќе се продаваат одвоено, односно за секој од предвидените четири натпревари на турнирот.

Па така, влезниците за средбата Италија-Македонија, која ќе се игра на 28 ноември (сабота), ќе чинат од 9 до 11 евра. Многу поскапи ќе бидат оние за мечот во кој домаќинот, Естонците ја пречекуваат селекцијата на Русија. Цените на билетите се движат од 25.80 до 40.80 евра.

Слична е и ситуацијата за вториот натпреварувачки ден на собирот, за средбата Русија-Италија ќе се плаќа од 16.80 до 30.80 евра, додека нашиот најважен натпревар за време на турнирот, оној против Естонија ќе може да се гледа „во живо“, доколку се плати од 25.80 до 40.80 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот