Ескобар: Корупцијата во БиХ е најтешка тема на Западен Балкан

Габриел Ескобар во Скопје, Македонија
Габриел Ескобар / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Загреб изјави дека Србија не е најтешката тема за која разговара со претставниците на Западен Балкан и потсети дека официјален Белград во Генералното собрание на ОН ја осуди „руската инвазија на Украина“, што тој го нарече „сеизмичка промена“.

Ескобар рече дека „на крајот на краиштата, Србија не е најтешката тема за која разговара со другите соседни земји, бидејќи БиХ ја има таа „титула“.

Тој потсети дека САД и Србија се во врска 140 години, а Белград сето тоа време бил „близок партнер“ на Вашингтон, на пример, во двете светски војни.

„Денес се поставува прашањето како Србија да се привлече во западните демократски држави, меѓу кои отсекогаш била и каде припаѓа“, изјави Ескобар.

Тој додаде дека интеграцискиот процес бил забавен во периодот на владеењето на Слободан Милошевиќ, кое, како што наведе, го одбележало „лошо управување“.

Американскиот пратеник смета дека „идната генерација Срби“ ќе биде повеќе наклонета кон Европа, а во прилог на тоа изјави дека „гласаат со нозе“ преку нивното емигрирање во Европа и САД, а не во Кина и Русија.

„Војната во Украина, исто така, доведе до тоа земјите-кандидати за ЕУ ​​проактивно да изразат солидарност со западните вредности“, рече Ескобар.

Зборувајќи за БиХ, Ескобар верува дека нивните најголеми проблеми не се етничките, туку проблемите со корупцијата, што претставува најголемиот предизвик на Западен Балкан и дека БиХ е земја во која „западните ветувања најмалку се исполнија“.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Ескобар не сакал директно да каже дали е оптимист дека годинава ќе се одржат избори во земјата, каде се одолговлекуваат преговорите за изборните реформи, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи.

Тој смета дека е клучно да се формира функционална влада во БиХ која ќе се бори против корупцијата, ќе привлекува инвестиции и ќе создава услови за младите, но нагласи дека БиХ е суверена држава и дека политичката волја мора да дојде од внатре.

„Мораме да ги охрабриме, но нивна одговорност е да најдат решенија“, рече тој, коментирајќи ги претставниците на БиХ.

Тој рече дека Хрватска е „секогаш присутна“ во односите со САД, без разлика дали се работи за енергетска диверзификација или за помош на украинските бегалци, „што не може да се каже за сите американски сојузници“.

„Хрватска е извонреден пример за паметна енергетска политика, мислам дека и другите земји треба да го следат нејзиниот пример“, заклучи Ескобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот