Есенско топло време до вторник, наредната недела пад на температурите

Топло време илустрација / Фото Архива

Времето во Македонија ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу нула и седум, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната до 26.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот