Ерлинг Халанд го надмина рекордот на Мохамед Салах

Ерлинг Халанд/фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд запиша еден гол во убедливата победа над Арсенал од 4:1 во премиерлигашкото дерби.

Моментно „граѓаните“ се во многу подобра позиција во трката за титулата оваа сезона, иако менаџерот на клубот од „Етихад“, Пеп Гвардиола не го потценува лондонскиот гигант.

Халанд во својата дебитантска сезона веќе го урна рекордот по бројот на голови во Премиер лигата, а до крајот на сезоната за Сити остануваат уште седум натпревари.

Норвежанецот постигна 33 голови и го надмина досегашниот рекорд на Мохамед Салах кој во сезоната 2017/2018 дојде до бројката од 32 погодоци.

Доколку постигне само уште еден гол во следните седум натпревари, Халанд ќе се израмни со легендарниот Алан Ширер од сезоната 1993/94 и Енди Кол од сезоната 1994/95 кои постигнаа по 34 гола во лигата, но тогаш имаше 22 екипи, два повеќе од сегашната сезона во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот