Гвардиола не го потценува Арсенал иако Манчестер сити е во психолошка предност

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, очекувано блескаше од среќа по убедливата победа во дербито со Арсенал во Премиер лигата, со која неговиот тим ја презеде улогата на главен фаворит за шампионската титула.

– Сè зависи од нас. До овој натпревар ми се допаѓаше позицијата на која се наоѓаше Арсенал бидејќи имаше сè во свои раце. Сега ние одлучуваме, следните три натпревари ќе откријат многу – вели задоволниот Гвардиола по победата од 4:1 над Арсенал на „Етихад“.

Шпанецот ги пофали Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне кои заедно запишаа три гола и две асистенции.

– Бевме трпеливи со долги топки кон Ерлинг. Тој е мајстор за освојување долги топки. И Кевин е толку важен. Имаше помалку време да игра такви топки. Беа доста агресивни во одбраната човек на човек. Кога можеме да го најдеме Кевин и да трчаме, тој е незапирлив. Џек и Бернардо го најдоа моментумот, но Кевин ми рече дека чувствува проблеми и затоа го заменив – рече Гвардиола.

Иако Сити сега има психолошка предност и е во подобра форма, Гвардиола не го отпишува Арсенал. Сити заостанува два бода зад лидерот Арсенал, но „граѓаните“ имаат и два натпревари помалку. Сити има уште седум, а Арсенал пет мечеви до крајот на сезоната.

– Ни малку не го потценувам Арсенал, знам колку е добар. Тие не беа најдобри на овој натпревар бидејќи бевме многу добри – се зборовите на Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот