ВИДЕО | Сонот за титула на Арсенал сѐ подалеку: Манчестер Сити ги прегази „топчиите“ во дербито

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maнчестер Сити вечерва го победи Арсенал во дербито на колото во Премиер лигата со 4:1 и така дојде многу поблиску до титулата во најсилната англиска конкуренција.

Арсенал во овој натпревар влезе со три нерешни натпревари во низа, а тој пад во формата беше забележителен и вечерва. Кевин Де Брујн на асистенција на Ерлинг Халанд по само седум минути го отвори резултатот.

Имаа шанси на моменти и избраниците на Микел Артета, но „граѓаните“ беа многу поконкретни. Голот за 2:0 го постигна Стоунс во судиското продолжение од првото полувреме.

Второто полувреме донесе уште поголема доминација на Манчестер Сити. За 3:0 повторно се погрижи тандемот Халанд – Де Брујн, Норвежанецот одново беше асистент, а Белгиецот стрелец. Холдинг беше стрелец на утешниот гол на Арсенал, а конечните 4:1 ги постави Халанд во последните секунди од натпреварот.

Со овој триумф Сити дојде на само два бода Арсенал и тоа со два натпревари помалку, па така има отворен пат кон титулата во последните шест кола.

 

Во останатие натпревари Челзи им приреди ново разочарување на навивачите со поразот од Брентфорд, Ливерпул со истиот резултат беше подобар Вест Хем додека Нотингем со 3:1 го совлада Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот