ВИДЕО | Навивачите на Арсенал ги оставија фудбалерите на Сити без спиење пред најважниот натпревар во сезоната

Фото: Screenshot

Во Лондон вечерва се игра веројатно најважниот натпревар во Премиер лигата сезонава. Тотенхем го пречекува Манчестер Сити, а Арсенал чека кикс на „граѓаните“.

Домашниот тим има само теоретски шанси да дојде до четвртата позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите, додека Сити не смее да си дозволи пораз или реми бидејќи така Арсенал ќе влезе со предност во последното коло.

Од колкава важност е вечерашниот натпревар покажува и потегот на навивачите на Арсенал кои вчера доцна синоќа се обидуваа да ги вознемират фудбалерите на „граѓаните“.

Некаде околу два часот по полноќ ултрасите на „топџиите“ приредија пиротехничко шоу пред хотелот во кој е сместена експедицијата на Манчестер Сити. Ќе потсетиме, натпреварот се игра вечерва во терминот од 21:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот