Ердоган за земјотресот во Албанија: Целиот исламски свет треба да помогне

EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повика целиот исламски свет да ја поддржи Албанија која вчера ја погоди катастрофален земјотрес, јави агенцијата Анадолија.

– Сметам дека треба да застанеме покрај Албанија, тоа треба да биде особено должност на нашата Исламска организација за развој. Мислам дека ќе биде многу корисно да се преземе овој чекор. Тоа е братска должност, корисно е да се преземе таков чекор,  рече Ердоган во обраќањето на годишниот состанок на Организацијата на исламска соработка.

Тој информира дека по веста за земјотресот двапати разговарал со премиерот на Албанија, кој го известил во потресот загинале 26 лица.

– Меѓу членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации, мислам на постојаните членки, нема ниту еден муслиман, ниту пак земја во која народот е муслимански. Невозможно е до бескрај да продолжи овој неправеден систем изграден од страна на победниците во Втората светска војна, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот