Епидемија: Сѐ поголем број на карциноми поради орален секс

Фото: Flickr

Во изминатите две децении во Велика Британија и во САД се зголемува бројот на заболени од рак на грлото, а поради зголемениот број, експертите оваа појава ја нарекуваат пандемија.

„До 70 отсто од пациентите со рак на грлото се припишуваат на ХПВ вирусот кој се пренесува преку сексуален пат, а кој е поврзан со повеќе форми на рак“, вели Хишман Механа од британскиот универзитет во Бирмингем.

Механа истакнува дека постои поголем ризик од рак на грлото кај луѓето кои имаат повеќе од еден сексуален партнер, а особено кај оние кои почесто практикуваат орален секс. Тоа е најголемиот ризик, дури и поголем од пушењето, нездравата исхрана или алкохолот.

Има голем пораст на ракот наречен орофарингеус, најчестиот вид на рак на грлото, кој се појавува во крајниците и задниот дел на грлото.

ХПВ предизвикува инфекции во задниот дел на грлото или во близина на крајниците, а иако во повеќето случаи овие инфекции исчезнуваат сами од себе, тие исто така можат да предизвикаат рак.

„Оние со шест или повеќе животни партнери за орален секс имаат 8,5 пати поголем ризик да развијат рак на орофарингеален карцином од оние кои не практикуваат орален секс“, пишува The Conversation.

Повеќе од 50.000 случаи на рак на усната шуплина или ждрелото се дијагностицираат секоја година во САД, предизвикувајќи повеќе од 10.000 смртни случаи годишно. Меѓутоа, бројот на случаи се зголемува, до 1,3 отсто годишно кај жените и 2,8 отсто кај мажите, според Американското здружение за рак.

Во Велика Британија секоја година повеќе од 12.000 заболуваат од рак на главата и рак на грлото, од кои 4.000 умираат, пишува „Дејли мејл“.

„Повеќе од 90 отсто од карциномите поврзани со ХПВ може да се спречат со вакцината против ХПВ, но опфатот со вакцинација и понатаму останува под оптималното“, заклучил научник од здравствениот центар Хенри Форд во Детроит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот