Епидемија изби на крузер во Атлантикот – смртоносниот хантавирус однесе три животи
СЗО ја истражува епидемијата на холандскиот крстосувач МВ Хондиус, кој тргнал од Аргентина кон Антарктикот со 150 патници и 70 членови на екипажот.
Сомнеж за епидемија на ретката инфекција со хантавирус на крстосувач во Атлантскиот Океан уби тројца, вклучително и постара брачна двојка, а најмалку тројца други се разболеле, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Оваа информација вчера ја соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и Одделот за здравство на Јужна Африка, а во изјава за „Асошиетед прес“, СЗО соопшти дека е во тек истрага, но дека е потврден најмалку еден случај на хантавирус.
Еден од пациентите е на интензивна нега во јужноафриканска болница, соопшти здравствената агенција на ОН, додавајќи дека работи со властите на евакуација на уште двајца со симптоми од бродот.
Холандската компанија која управува со крстосувањето изјави дека бродот сега се наоѓа во близина на брегот на Зелен ’Рт (Кабо Верде), островска држава покрај западниот брег на Африка, и дека локалните власти помагаат, но не дозволиле никој да се симне. Компанијата наведе дека двајцата болни на бродот, на кои им е потребна итна медицинска помош, се членови на екипажот.
Загрижувачки вести: Вирусот нипа, со стапка на смртност до 75 отсто, повторно е активен
Хантавирусот главно се шири преку глодари
Хантавирусите, кои можат да се најдат низ целиот свет, се семејство на вируси кои се шират главно преку контакт со урина или од измет од заразени глодари како стаорци и глувци. Тие привлекоа внимание откако сопругата на покојниот актер Џин Хекман, Бетси Аракава, почина од овој вирус во Ново Мексико минатата година.
Хекман почина околу една недела подоцна во нивниот дом од срцеви заболувања.
Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, хантавирусите предизвикуваат два сериозни синдроми: хантавирусен белодробен синдром, тешка болест која ги погодува белите дробови, а и хеморагична треска со бубрежен синдром, тешка болест која ги погодува бубрезите.
Иако се ретки, СЗО соопшти дека инфекциите со хантавирус може да се шират меѓу луѓето. Не постои специфичен третман или лек, но раната медицинска помош може да ги зголеми шансите за преживување.
Бродот имал 150 патници
СЗО ја истражува епидемијата на холандскиот крстосувач МВ Хондиус, кој тргнал од Аргентина кон Антарктикот со 150 патници и 70 членови на екипажот. Досега се потврдени три жртви, вклучително и холандска брачна двојка.
Еден британски државјанин е на интензивна нега во Јоханесбург. Бродот моментално е закотвен кај Кабо Верде, каде се проценува состојбата на заболените.
За тоа време, здравствените власти во Јужна Африка интензивно ги следат контактите за спречување на ширењето.
Семејството на Џин Хeкман тврди: Тој беше здрав, вежбаше пилатес и јога


