ЕП дефинитивно ќе се игра пред гледачи, осум стадиони ги отвораат вратите за фановите

epa08300919 The UEFA EURO 2020 logo is pictured at the entrance of the UEFA Headquarters, in Nyon, Switzerland, 17 March 2020. The UEFA EURO 2020 has been postponed to 2021 amid the coronavirus COVID-19 pandemic, the Norwegian Football Association (NFF) announced on 17 March 2020. EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Осум градови на кое ќе се играат натреварите на Европското првенство, објавија дека ќе дозволат присуство на навивачи на стадионите и притоа ги објавија капацитетите.
Амстердам, Баку, Букурешт, Лондон, Глазгов, Будимпешта, Копенхаген и Санкт Петербург потврдија дека ќе дозволат присуство на одреден број навивачи на трибините, додека градовите Билбао, Минхен, Даблин и Рим мораат до 19. април да ги достават своите планови во УЕФА.

Лондон, Глазгов, Букурешт, Будимпешта и Копенхаген потврдија дека капацитетот ќе изнесува помеѓу 25 и 33 проценти од вкупниот капацитет, а притоа најавија дека во зависност од епидемиолошката слика во Европа постои можност да се зголеми капацитетот.

Санк Петербург и Баку најавија дека ќе дозволат трибините да бидат исполнети до 50 проценти од капацитетот на стадионите, но притоа сите гледачи ќе мора да се придржуваат со здравствените протоколи пропишани од Русија и Азербејџан.

Навивачите кои сакаат да патуваат во земјите домаќини, а меѓу нив се и македонските фанови, ќе мора да се придржуваат со ограничувањата и останатите критериуми за влез во земјите каде се играат натпревари, а тука не е исклучен ниту карантинот.

Сите навивачи освен влезниците за натпреварите ќе мора да достават и негативни тестови на коронавирус кои не се постари од најмногу пет дена (одредени држави ќе бараат негативни тестови не постари од два дена).

Најважни за македонските фанови се одлуките на романските и холандските власти. За натпреварите кои ќе се играат во Букурешт, сопствениците на билетите ќе го избегнат карантинот само доколку приложат негативен тест на коронавирус, а притоа не смеа да останат во Романија повеќе од три дена.

За присуство на натпреварот во Амстердам, навивачите засега ќе мора да приложат негативен тест на ковид-19 кој не смее да биде постар од два дена, но не се исклучува промена на условите во зависност од епидемиолошката состојба во Холандија или во земјата од која доаѓаат навивачите.
За сопствениците кои ќе имаат комплет влезници, ќе бидат направени посевни аранжмани во случај на промена градот домаќин или доколку градовите не бидат во можност да организираат натпревар пред гледачи.

Македонија во историското прво учество на ЕП, првите два натпревари од групата Ц ќе ги играат во Букурешт. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на 13. јуни ќе дебитираат на ЕП против Австрија, а на 17. јуни ќе играат против Украина. Третиот натпревар Македонија ќе го одигра на 21. јуни во Амстердам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот