Емел Рамковска: Велија нема да отвора нова А1 телевизија сега

Фото, Колаж/Слободен печат

На Инстаграм и на Фејсбук се појави канал со најава дека ќе се отвора нова А1 телевизија, по што некои медиуми избрзаа да ја поврзат со поранешниот сопственик на најгледаната телевизија која беше затворена за време на владеењето на Никола Груевски.

Ќерката на Велија Рамковски, Емел Рамковска во изјава за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект, а не е познато ниту дали навистина ќе се појави таква телевизија во етерот. Според најавите на социјалните мрежи станува збор за интернет телевизија, но за Рамковска, целата работа е несериозна.

– Ние не стоиме зад тоа, телевизијата нема да биде на Велија. Не знам кои се луѓето, спорна е целата работа и ми делува малку несериозно со целата најава на Инстаграм. Тоа не се прави така, но секој сака да искористи од рејтингот на А1, па така би било интересно да се дознае кој стои зад целата работа, и мене ме интересира, рече Рамковска за Слободен печат.

Рамковска додаде дека законски, не би смеело да постои таква телевизија во етерот, но на интернет се е возможно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот