Ем невработени, ем дискриминирани

Социјалните мрежи здивеа. Се поставуваат прашања, зошто некој кој има приход од 0 (нула) денари или пак е избришан од Агенцијата, е во подобра позиција од некој кој работи, иако за минимална плата? Засега одговорите се нејасни

Кој си поигра со судбината на илјадници лица кои според номенклатурата на Агенцијата за вработување се нарекуваат пасивни баратели на работа? Ставањето во тој кош, не само што не им донесе работа, туку напротив двојно ги онеоправда, па така сега нема да добијат ниту платежна корона картичка. Како се дошло до констатацијата дека пасивните не заслужуваат “малку внимание од државата”? Се прашал ли некој што се крие зад тоа? Можеби разочараност од неажурноста на државата да им најде пристојна работа? Што ако некој е болен и не може да прифати преквалификување, па затоа избрал да се пријавува само заради здравствено осигурување, а го издржува некој друг?

Дел од граѓаните, кои се само на чекор пред пензија, можеби не сакале да прифатат непристоен предлог за вработување, па затоа решиле да останат во пасивната зона. Која е да е причината, сега се покажа дека избрале да играат за погрешниот табор. Сите се согласуваат дека доделувањето на домашните платежни картички е навистина обемен проект. И сумата што ќе ја чини државата (28 милиони евра) е за почит, но ден или два за посериозна анализа, немаше многу да смени. Вака револтот е голем, а разочарувањето во идејата за еднакво општество, не се крие.

Социјалните мрежи здивеа. Се поставуваат прашања, зошто некој кој има приход од 0 (нула) денари или пак е избришан од Агенцијата, е во подобра позиција од некој кој работи, иако за минимална плата? Засега одговорите се нејасни. Меѓудругото, како ви звучи објаснувањето на министерката за финансии Нина Ангеловска, дека „податоците за лицата кои требало да добијат домашни платежни картички, се добивале од 4 институции, па подеталните проверки за активните и пасивните баратели на работа, ќе одзеле многу време”?! Мириса на импровизација.

-Наша цел е да ги држиме активни вработените лица, зошто тие придонесуваат економијата да расте. Неактивните лица не се баратели на работа и не се пријавуваат во Агенцијата за вработување. Дел од нив работат хонорарно, некои имаат приходи од авторски дела или пак остваруваат приходи од друга дејност- рече министерката Ангеловска.

Претходно Ангеловска појасни дека на почетокот при кроењето на групите и Уредбата, биле земени предвид и бројките од Агенцијата за вработување, како и невработените активни баратели на работа, а се земале предвид и оние коишто се пријавиле, односно плус 5 000 лица, коишто се пријавиле од април до 22-ри мај. И затоа пресекот бил направен кога е донесена Уредбата, се со цел да може да се започне обработка на листите!?

Кога пред неколку години, во Агенцијата за вработување, законски беа избришани лицата кои се активни баратели на работа, се заклучи дека дел од нив не можат да се пријавуваат секој месец во евиденција, заради болест или неспособност за работа, или грижа која ја имаат кон трети лица во семејството. Дел од овие лица работат во домаќинството, односно во своето селско стопанство, некои не се пријавиле заради својата возраст или заради своето несоодветно образование и квалификации.

Епилогот од новата епопеја на нвработените со дистрибуцијата на платежните картиќки е јасен: Ем се невработени, ем се дискриминирани!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот