1 C
Скопје

Елтон Џон на работ од смртта

Познатиот музичар Елтон Џон откри дека го молел Господ да му даде уште една прилика да ги види своите синови пред да умре.

Имено, поради многу опасна инфекција која ја добил во текот на турнејата во Јужна Африка бил во тешка состојба и на самиот раб на смртта, призна тој во своите мемоари, кои ги објави неодамна.

– Докторите ми кажаа дека ми преостануваат само уште 24 часа живот. Поминав 11 дена во болница пред да ме пуштат на домашна нега, која потраа неколку недели, изјави музичарот за кој неодамна беше снимен и филм.

Во мемоарите откри и дека има неверојатна среќа, иако, во тој момент не се чувствувал така.

– Лежев буден цела ноќ, прашувајќи се дали ќе се извлечам или тоа е навистина крајот. Го молев Господ…те молам, не давај да умрам, те молам повторно да ги видам своите деца, дај ми уште малку време, раскажува тој во своите мемоари.

Во мемоарите Елтон Џон откри и интересни и интимни моменти на кои лично присуствувал од животот на трагично загинатата принцеза Дијана, наведувајќи го „Дијана ефектот“ како нејзино најмоќно оружје.

Поврзани вести

ФОТО | Кое е новото момче на Цеца: Син на поранешен спортист и политичар, угостител и татко на малолетна ќерка

Слободен печат

Новогодишни бастунчиња

Слободен печат

ВИДЕО | Синот на познатиот политичар објави емотивно видео: Амди Бајрам плаче додека му пее Шериф Коњевиќ!

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО | 48 часа предходно сам на себе си ставал витамински инекции: Познатиот пејач почина од Ковид – 19!

Слободен печат

Ќерката на Трамп беснее на плажа во Мајами, Американците се бесни на неа: „Стави маска на лицето!“

Слободен Печат

Пуштена за сообраќај делницата Штип-Крупиште

Слободен печат

Остави Коментар