Тајната на Елизабет Харли за витката фигура е во нејзиниот утрински ритуал! (ФОТО)

Фото: Принтскрин - Instagram

Елизабет Харли веќе има 55 години, но во подобра форма не била никогаш. Тоа редовно го докажува со фотографии во бикини, а со последната фотографија таа го „сруши“ Инстаграм.

Носејќи бикини со риги од сопствената модна линија, таа се пофали со рамниот стомак и витките нозе.

„Сензационална си“, „Рајска жена“, биле само некои од комплиментите покрај 130 илјади лајкови.

инстаграм

Харли денот го започнува со две чаши топла вода која ја пие на празен желудник.

„Чувството е малку одвратно, но е фантастично за вашиот дигестивен систем“, признала за Дејл Мејл.

Таа јаде органски и свежи намирници, избегнува хемикалии и адитиви, а тренира кога и да има слободен момент во денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот