Елен Деџенерис по смртта на Брајант: Живејте секој миг!

По ненадејната и апсурдна смрт на Коби Брајант, популарната глумица и водителка Елен Деџенерис плачела за загубата на нејзиниот пријател и споделила порака полна со љубов. 

За време на нејзината емисија, Елен Деџенерис со емотивен монолог, ги потсетила сите гледачи да го „слават животот“.

Болка од загубата на пријателот

По ненадејната и апсурдна смрт на Коби Брајант, поранешниот професионален играч во НБА, кој почина во хеликоптерска несреќа со осум други лица, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, Елен заплакала за загубата на пријателот и посакала да ги сподели своите емоции со нејзините фанови.

Инаку, ова беше важна недела за Деџенерис, во знакот на два настани: нејзинито роденден и учеството на Греми, но работите одеднаш се смрачиле по веста за смртта на Коби.

– Како и сите други, јас сум запрепастена и тажна од веста за Коби Брајант. Моето срце е скршено за неговата сопруга и семејството, напишала таа на Твитер.

На нејзините гледачи пак, им раскажала што се случило со неа кога дознала за трагичната вест: Сè се смени за секунда – рекла Елен – животот е краток и кревок. Не знаеме колку родендени имаме.

И токму поради ова, таа ја замолила публиката во студиото и сите гледачи пред телевизиските екрани, со овие зборови: „секогаш кажувајте им на луѓето што ги сакате дека ги сакате, и со порака и со прегратка“.

Ова е одличен совет од Елен на кој навистина треба секојдневно да се присетуваме.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот