„Ел Тигре“ Фалкао е нов соиграч на македонскиот голман Димитриевски

Колумбиецот се враќа во шпанската „Ла Лига“, овојпат во дресот на Рајо Ваљекано/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Денеска шпанскиот клуб Рајо Ваљекано го потврди трансферот на колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао или популарниот „Ел Тигре“.

Овој 35-годишен напаѓач одлучи повторно да игра во Шпанија доаѓајќи како слободен агент откако го раскина неговиот договор со турскиот Галатасарај.

Фалкао ќе биде соиграч на нашиот Столе Димитриевски, кој моментно е со македонската А репрезентација за настапите во квалификациите за Светското првенство 2022.

Во својата клупска кариера играше за врвни клубови како Порто и Атлетико Мадрид со кои ги имаше најголемите успеси.

Со португалската екипа ја освои Лига Европа во сезоната 2010/11, а на врвот во истото натпреварување се искачи и со „јорганџиите“ со кои исто така дојде до титули во „Копа дел Реј“ и УЕФА Суперкупот.

Со Монако во Франција беше шампион во сезоната 2016/2017, и освојувајќи низа бројни индивидуални признанија.

Рајо Ваљекано после три кола во „Ла Лига“ има три бода и е на 10 место во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот