Еквадор ќе игра на Мундијалот, ФИФА ги одби жалбите на Чиле и Перу

Еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастиљо/фото: EPA-EFE/Jonathan Miranda Vanegas

ФИФА ги одби жалбите на Чиле и Перу кои бараа исклучување на Еквадор од Светското првенство во 2022 година, со образложение дека Бајрон Кастиљо нема право да игра за селекцијата на Еквадор во квалификациите.

Со тоа се стави крај на аферата и Еквадор ќе се натпреварува на СП кое ќе се игра годинава во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Во жалбите се наведува дека во изводот на родените на Бајрон Кастиљо стои дека тој е роден во Колумбија и дека неговиот вистински датум на раѓање е 25 јули 1995 година, а не 10 ноември 1998 година, како што е наведено во официјалните документи на Еквадор.

– Родителите на Бајрон Кастиљо се родени во Тумако, Колумбија, Бајрон е роден во Тумако и таму е крстен. Нема докази дека тој има некаква врска со Еквадор и доказите се многу јасни – рече Едуардо Карлеко, кој ја претставува Фудбалската федерација на Чиле.

ФИФА одлучи дека нема ништо спорно во документите на Кастиљо и го прогласи Еквадор за учесник на Светското првенство.

– Меѓу другите размислувања, се сметаше дека врз основа на презентираните документи, се смета дека играчот има постојано еквадорско државјанство – се вели во соопштението на ФИФА.

Еквадорците ќе играат во групата „А“ на Мундијалот со домаќинот Катар, Сенегал и Холандија. Турнирот во заливската држава ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот