Се појавија нови докази, на Еквадор му се заканува исфрлање од Мундијалот?!

Еквадор се соочува со исфрлање од Мундијалот во Катар/Фото: EPA/ANTONIO LACERDA

Фудбалската репрезентација на Еквадор би можела да остане без учество на Светското првенство во Катар. Со месеци се шпекулира за исфрлање на јужноамериканската селекција од Мундијалот, а по информациите дека нема ништо од тоа, се појавија нови докази против Еквадор и нивниот репрезентативец Бајрон Кастиљо.

Фудбалската федерација Чиле се пожали до ФИФА, тие побараа да го исфрлат Еквадор од СП бидејќи нивниот фудбалер Бајрон Кастиљо имал фалсификуван извод од матична книга на родените. Како што тврдат, тој не е роден во Еквадор, туку три години порано во Колумбија. Меѓутоа, тоа беше одбиено, но Чилеанците не се откажуваат.

Се појавија нови докази, британскиот весник „Дејли мејл“ дојде до документи и аудио снимки од 2018 година на кои Бајрон Кастиљо признал дека фалсификувал документи во договор со првиот човек на Фудбалската федерација на Еквадор. Потврдено е дека е роден во 1995 година во Колумбија, а не во 1998 година во Еквадор.

Марко Замбрано, влијателен еквадорски претприемач и сопственик на фудбалски клуб, наводно му помогнал да ја промени биографијата. На снимката се слуша како Бајрон Кастиљо потврдува дека Марко Замбрано му помага околу документацијата. Ќе видиме како ФИФА ќе реагира по новите докази, два месеци пред почетокот на Мундијалот.

Фудбалската федерација на Еквадор во 2019 година објави дека Кастиљо е нивен државјанин и може да игра за националниот тим. Чилеанците се надеваат дека би можеле на нивното место да се најдат на СП. Тие беа само седми во јужноамериканските квалификации, додека Еквадор заврши на четвртото место и го обезбеди пласманот на Светското првенство. Да потсетиме, Еквадор на СП е во групата „А“ против домаќинот Катар, Холандија и Сенегал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот