Екстремната зима во Монголија покоси над 2 милиони животни

Фото: МИА

Повеќе од два милиони животни угинаа оваа зима во Монголија, изјави денеска владин претставник, посочувајќи дека тоа се должи на временските услови додека земјата се бори со екстремен студ и снег.

Екстремно ниските температури од декември до март не се новина во источноазиската земја, каде во некои области можат да паднат и до -50 степени Целзиусови.

Обединетите нации соопштија дека климатските промени ја зголемуваат зачестеноста и интензитетот на сушите. Монголија се соочи со шест суши во изминатата деценија, вклучително и една во зимата 2022/2023 година, кога угинаа 4,4 милиони говеда.

Годинешниот глад беше влошен со летната суша, која ги спречи животните да создадат резерви на масно ткиво што ќе им помогне да ја преживеат суровата зима.

Седумдесет проценти од Монголија се соочува со „суша“ или слични услови, според ОН. Во истиот период лани таа бројка изнесуваше 17 проценти.

Снегот оваа година ја влоши ситуацијата за сточарите, ги зароби во постудените региони и им оневозможи да купат сточна храна и сено за нивните животни во околните градови.

Монголија е една од најретко населените земји во светот, а околу една третина од нејзиното население од 3,3 милиони луѓе живеат номадски начин на живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот