Фото: МВР

Непознат бомбаш фрлил експлозив на улица во Битола, оштетил куќи и автомобили

Експлозија ноќеска ги вознемири битолчани, откако напаѓач, кој засега не ѝ е познат на полицијата, фрлил бомба на улицата „Охридска“.

„На 12.7.2025 година во СВР Битола било пријавено дека околу 2:05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на улицата Охридска во Битола.  Од самата експлозија се направени оштетувања на патнички возила од марките „фолксфаген“, „бмв“, „тојота“, „киа“, „рено“, „матиз“ и „тико“, сите со битолски регистарски ознаки, паркирани на улицата. Направени се и неколку оштетувања на прозорци и врати од околните куќи“, соопшти полицијата.

Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот