Експертите советуваат: Фармерките треба да се перат многу ретко

unsplash
Фото: Unsplash Ricardo Gomez Angel

Перењето алишта е неизбежно, но за среќа има експерти кои се обидуваат малку да ни го олеснат животот. Според нив, фармерките треба да се перат многу ретко. Иако ова може да предизвика реакција на „одвратност“ од луѓето кои не се воодушевени од идејата да се шетаат со валкани алишта, сепак постои објаснување зошто е најдобро така.

unsplash

Поентата што се обидував да ја кажам беше повик за будење на потрошувачите дека сме навикнати откако ќе облечеме нешто, автоматски да го фрлиме за перење“, вели извршниот директор на компанијата „Levi’s“ Чип Берг.

Добар пар фармерки навистина не треба често да се перат во машината за перење. Тоа треба да се прави исклучително ретко“, додава Берг.

Неговиот аргумент се заснова на фактот дека честото перење на фармерки всушност го оштетува материјалот а воедно е „залудно трошење вода“.  Берг не е единствениот експерт за тексас кој го сподели овој совет.

unsplash

Компанијата „Huit Denim’s“ советува дека фармерките не треба да се перат шест месеци. Колку подолго не ги перете толку подобро ќе изгледаат. Причината за ова е што индигото ќе се истроши на места каде што се појавуваат природни набори кои се создаваат со седење, со ставање работи во џебовите, или слично.

Кога станува збор за перењето, тоа само ќе го избеле материјалот таму каде што сте се создале тие мали набори и ќе ги открие контрастите што дополнително ќе им дадат излитен изглед на вашите фармерки.

unsplash

Кога станува збор за непријатниот мирис што може да се создаде при долгото носење, производителите имаат трик и за тоа. Фармерките едноставно треба да ги ставите во замрзнувач преку ноќ, бидејќи тоа ќе ги уништи сите бактерии. Исто така, ако сакате, можете повремено да ги ставате на сонце, што исто така ќе ги убие штетните микроорганизми.

unsplash

Но, доколку сакате да продолжите како до сега, кога следен пат ќе ги перете вашите фармерки превртете ги наопаку пред да ги ставите во машината и не ги ставајте во комбинација со потемни бои. Избегнувајте силни прашоци и омекнувач, бидејќи само така ќе го зачувате оригиналниот изглед на фармерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот