Експертите предупредуваат на нова зараза: Навивачите се враќаат со „грип од камила“ од Катар

Фото: EPA/BERND WUESTNECK

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога станува збор за навивачите кои се враќаат од Светското првенство и покажуваат знаци на болест.

Фудбалските фанови кои се враќаат од Катар се советуваат да ги следат симптомите на „грип од камила“, потенцијално смртоносна респираторна инфекција чии симптоми вклучуваат треска, кашлица и повраќање.

Блискоисточниот акутен респираторен синдром (МЕРС) може да се добие преку контакт со камили, објавија британските здравствени власти.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога се во прашање навивачите кои се враќаат од Светското првенство, а кои покажуваат знаци на болест, пишува Тајмс, пренесува „Дејли мејл“.

МЕРС може да се добие преку близок контакт со камили или со консумирање производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила.

Други фактори на ризик се близок контакт со заразено лице. Наводно, многу навивачи кои присуствувале на Светското првенство уживале во јавањето камили во Катар.

Во Велика Британија до денес се пријавени пет случаи на МЕРС, а последната појава се случила во август 2018 година.

Рутинските упатства беа издадени од Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија минатиот месец, а сè уште не се пријавени нови случаи.

Болеста првпат е регистрирана во 2012 година и оттогаш има 2.600 случаи ширум светот, најмногу на Арапскиот Полуостров, соопшти СЗО.

Повеќе од една третина од заразените починале како последица на болеста, а два случаи се регистрирани во Катар.

Симптоми на болеста се треска, кашлица, отежнато дишење, дијареја и повраќање.

На сите што се враќаат во Британија со симптоми на МЕРС, кои се како настинка или грип, му е кажано да побараат лекарски совет и да ја споделат својата историја на патување, за да може да се спроведе контрола на инфекција и тестирање.

Не постои специфичен третман за болеста, па лекарите работат на ублажување на симптомите кај пациентите. Околу 35 отсто од заразените со МЕРС умираат како последица на болеста, велат експертите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот