Експеримент на еден Србин: Објавил слики од бомбардирањето во Србија и ги опишал како настани од Украина
Воениот конфликт во Украина предизвика трка меѓу новинарските екипи низ светот кој ќе објави автентични снимки и фотографии од воените зони и ќе ги пренесе најновите вести од светот.
На социјалните мрежи секојдневно се објавуваат снимки и фотографии од воените области во Украина од страна на украниските власти и луѓето кои се присутни на настаните,додека набљудувачите надвор од Украина ги бираат своите страни, жалат по жртвите, се ужаснуваат од снимките од бомбардирањата, тагуваат поради потресните сведоштва.
На светските медиуми се појавуваат слики од деца, урнати куќи, запалени згради. Ги пренесоа како фотографии од рускиот напад на Украина. А всушност ги објави еден Србин.
„Синоќа на неколку сајтови во Америка, Британија и Австралија закачив фотографии од бомбардирање и го замолив народот да го осуди, што и го направија. На крајот пред да ме избришат им се заблагодарив и напишав дека тоа се фотографии кога тие во 1999 година ја бомбардираа Србија“, објави на својот фејсбук Владан Миличевиќ.
Неговиот „експеримент“ наиде на бројни реакции и коментари на Фејсбук, а беше коментиран и од страна на Руси и Украинци. Дури и рускиот медиум ТАС го објави неговиот текст од Фејсбук.