ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО | Девојче и нејзината мајка тешко повредени во гранатирањето на Киев

Едно 7-годишно девојче и нејзината мајка се потешко повредени во утринскиот ракетен напад во главниот град на Украина Киев. Спасувачките екипи засега евакуирале 25 лица, а има и четворица повредени, но потрагата продолжува оти се знае дека под урнатините има уште заглавели луѓе, јавува специјалната известувачка на Слободен печат и Утрински брифинг Кристина Атовска од Киев.

Четири експлозии беа регистрирани утротво во Киев, при што беше погоден станбен комплекс во близина на центарот на градот, а тоа предизвикува пожар, јавува Атовска од лице место. Таа додава дека штотуку е објавено оти досега се пронајдени еден загинат и пет повредени во првиот бран гранатирање, а дека во Киев во моментов повторно се слушаат експлозии.

Експлозиите се случиле околу 6:30 часот по локално време половина час откако се огласиле сирените за воздушен напад во главниот град.

-Неколку експлозии се регистрирани денеска наутро во украинскиот главен град Киев, по што итните служби се распоредени во градската област Шевченко… Во две згради во тек е спасување и евакуација на ителите, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот