Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Американецот Џон Мекафи (75), творец на познатата антивирусна програма што ја именувал по своето презиме, бил пронајден мртов во шпански затвор, пренесува Дејли меил.

Мекафи беше пронајден мртов во средата попладне во неговата ќелија во затворот Брајанс 2 во Барселона. Официјални лица тврдат дека почетокот на истрагата покажува дека станува збор за самоубиство, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Еден од поексцентричните ликови на ИТ индустријата почина само неколку часа откако беше одобрена неговата екстрадиција во САД. Таму против него беше покренато обвинение во врска со затајување данок и измама со крипто-валути, според кое му се заканува затвор до 30 години. Се проценува дека заработил најмалку 23 милиони долари преку своите злодела.

Мекафи беше уапсен во Шпанија на почетокот на октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот