Економскиот суверенитет на Европа е во опасност без дигитално евро
Гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Вилерој де Гало, денес изјави дека економскиот суверенитет загарантиран од еврото може да биде во опасност ако Европа не усвои дигитално евро. Тој потсети дека еврото е лансирано пред повеќе од 25 години и претставува најголем чекор на Европа кон суверенитет и „огромен популарен успех, поддржан од 82 проценти од европските граѓани, објави „Ле Фигаро“.
Препорачано
„Сепак, денес ова тешко освоено достигнување може да биде во опасност ако не ја обезбедиме клучната улога на валутата на суверената централна банка во дигиталниот свет“, рече гувернерот на конференција во Париз.
Тој забележува дека Евросистемот веќе „презел чекори за да го понуди дигиталното евро на пошироката јавност“, што има за цел да „издаде дигитална банкнота дизајнирана да ги транспонира карактеристиките на готовината во дигиталниот свет, а воедно да ја зачува основната улога на парите на централната банка“.
Европската комисија предложи регулирање на дигиталното евро во јуни 2023 година, забележува медиумот.
„Минатиот месец, Советот на Европската Унија едногласно го поддржа овој проект и се согласи за вистинско дигитално евро кое ги опфаќа и онлајн и офлајн случаите на употреба и нуди високо ниво на приватност“, наведува Франсоа Вилерој де Галоа, пренесува Танјуг.


