Економијата во еврозоната забележа скромна експанзија

Најголемата европска економија, Германија забележа ниво на индексот на менаџерите за договори од 49,4 поени на менаџерите за договор во ноември, кој е повисок од индексот објавен во октомври – 48,9 поени, но сепак под линијата од 50 поени што ја дели експанзијата од контракција.

За Велика Британија, која сè уште е дел од ЕУ, истиот индикатор достигна 49,3 поени во ноември, што беше пониско од 50-те поени во октомври, но ги надмина очекуваните 48,5 поени. Земјата во моментот е во изборна кампања, чиј фокус е излезот на кралството од ЕУ, а не состојбата на економијата.

Извештајот на Еврозоната „покажува економија која е скоро стагнација“, вели Крис Вилијамсон, економист во „IHS Markit“. Индустријата бележи „големо забавување“ и „услужниот сектор исто така ја бележи својата најслаба квартална експанзија во последните пет години“.

Нивото на нови нарачки се намали во ноември, бидејќи побарувачката за странски пазари се намали од пред четиринаесет месеци. Слабиот извоз претставува пробалем особено за германските компании. Активноста на приватниот сектор во најголемата европска економија се намали веќе трет месец по ред.

Франција остана најдобриот претставник на регионот, забележувајќи цврст раст. Економиите на Ирска и Шпанија исто така бележат зголемување.

Фабриките сигнализираа дека нивниот пад на производството е најмал од август.

– Во исто време, истражувањето покажа дека ова е можеби најслабиот притисок на цените што можеше да се забележи во последниве години, што се заканува дека ќе ја задржи инфлацијата далеку под целта на ЕЦБ во наредните месеци“, рече Вилијамсон.

Европската централна банка ќе ја одржи својата прва средба за монетарна политика, со која ќе претседава Кристин Лагард, веќе следната недела. Новите квартални предвидувања ќе дадат идеја дали е сторено доволно за зајакнување на економскиот раст и на потрошувачките цени или дали треба да ги засилат своите повици до владите да ги надополнат своите напори за фискален стимул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот