ЕК ќе ја тужи Полска пред Судот на правдата поради кршење на правото на ЕУ

Полско знаме/ фото: МИА

Европската комисија (ЕК) денеска ја објави својата одлука да покрене правна процедура против Полска пред Судот на правдата на Европска унија (ЕУ) поради кршење на правото на ЕУ од страна на полскиот Уставен суд и неговата судска пракса.

Полска ги отфрлила аргументите на ЕК поврзани со нејзиниот уставен суд.

Не се согласуваме со аргументите изнесени од ЕК. Во други земји, како што се Шпанија или Германија, Уставниот суд ги става уставите на тие земји над правото на ЕУ и ние остануваме на нашиот став, изјави портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот