Едвард Сноуден побара руско државјанство, ама не се откажува и од американското

Фото: Принтскрин/Јутјуб PowerfulJRE

Поранешниот соработник во Националната безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден, кого го бара Вашингтон, рече денеска дека поднел барање за руско државјанство, откако добил постојан престој во Русија каде се наоѓа од 2013 година.

Сноуден (37) објасни преку Твитер дека барал да го задржи и своето американско државјанство што е мажно по неодамнешната промена на рускиот закон за државјанство и имиграција.

Тоа барање следуваше само неколку дена откако неговата партнерка Линдзи Милс објави дека е бремена.

„После година дена одвоеност од нашите родители мојата сопруга и јас немаме никаква намера да бидеме одвоени од нашиот син“, објави Сноуден на Твитер. Исто така објасни дека тој и неговата сопруга сакаат да останат Американци да го воспитуваат својот син „во склад со американските вредности кои ги сакаат, посебно слободата на изразување“.

Адвокатот на Сноуден Анатолиј  Кучерена на 22 октомври објасни дека престојот на Сноуден е продолжен на неопределено време и дека тоа е овозможено благодарени на неодамнешните измени на рускиот закон за имиграција.

Сноуден досега имал право на азил во траење од година дена, потоа доби дозвола за престој на три години, која е продолжена во 2017 година.

Поранешниот соработник на американската НСА најде прибежиште во Русија во 2013 година откако побегна од САД. Сноуден во САД се соочува со обвинение за шпионажа зошто ја откри глобалната програма за прислушкување и следење која САД ја спроведуваше ширум светот.

Во август американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „ќе фрли поглед“ на можното помилување на Сноуден на кој во САД му се заканува затвор и до 30 години поради обвиненијата за шпионажа.

Сноуден на кој му е одземен американскиот пасош на барање на Вашингтон пристигна во Москва во мај 2013 година. Дојде од Хонгконг и беше со намера да се скрие во Латинска Америка. На крајот беше блокиран во Русија каде доби азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот