Едноставен трик со кој ќе го забрзате пеглањето, а потребно ви е само нешто што веќе го имате во кујната
Пеглањето облека често знае да биде долготрајна и напорна обврска, но постои едноставен начин значително да го забрзате овој процес, со помош на основно кујнско помагало кое сигурно веќе го имате дома. Станува збор за трик што овозможува пеглање на двете страни од облеката истовремено, бидејќи материјалот што се користи служи како одличен спроводник на топлина.
Препорачано
Експертка за чистење, организација и кујнски работи од Њујорк, позната на социјалните мрежи под името „Нит Керолајн“, сподели едноставен совет за побрзо пеглање, кој брзо привлече внимание.
Таа објаснува дека алуминиумската фолија може значително да го скрати времето што го трошите на пеглање.
„Земете ја даската за пеглање и малку алуминиумска фолија. Отстранете ја навлаката од даската и поставете лист фолија, внимавајќи сјајната страна да биде свртена нагоре“, советува таа.
Откако ќе ја вратите навлаката на своето место, облеката можете да ја пеглате како и обично.
„Алуминиумската фолија е одличен спроводник на топлина, па го забрзува пеглањето. Со оваа техника, всушност, ги пеглате двете страни од облеката во исто време“, објаснува експертката.
Нејзините следбеници веднаш реагираа со позитивни коментари:
„Секако ќе го пробам ова, благодарам!“, напиша една корисничка.
„Одлична идеја“, додаде друга.
@neat.caroline Ironing hack with aluminum foil! #fyp #ironing #aluminumfoil #ironinghack #hometips #learnontiktok #ironingboard ♬ original sound – Neat Caroline


