Една жртва во текот на новогодишната ноќ во Италија, над 200 лица повредени од петарди

Петарди/ Фото Архива на СП

Еден 27-годишен маж загина во југоисточна Италија во обид да изгасне пожар предизвикан од огномет.

Во Италија во новогодишната ноќ едно лице загина, а повеќе од 200 луѓе се повредени од петарди од кои 11 се здобиле со сериозни повреди, соопшти денеска италијанското Министерство за внатрешни работи.

Еден 27-годишен маж загина во југоисточна Италија во обид да изгасне пожар предизвикан од огномет.

Тоа е првпат од 2013 година во Италија некој да го загуби животот на новогодишната ноќ. Во 2013 година, две лица загинаа, а повеќе од 620 беа повредени во таа земја.

Градските власти во Рим забранија употреба на петарди оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот