Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на Ковид 19

Една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто” во Куманово се позитивни на коронавирус, соопштија од установата. Резултатите ги потврдил Центарот за јавно здравје Куманово.

-Вработените се во изолација од седми април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација– изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Во домот нема други заразени, ниту помеѓу корисниците, ниту помеѓу вработените. Од почетокот на ширењето на вирусот, додава Стојановки, преземени се мерки и вработените користат заштитна опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот