Една година условно за напад врз полицаец – МПС разочаран

Напад врз полициски службеник, кој резултирал со една година казна затвор, но условно, предизвика револт во Македонскиот полициски синдикат.

Оттаму велат дека ваквата пресуда на судот во Виница е срамна и де факто е ослободителна, додавајќи дека не поттикнува превенција за одвраќање на сторителите на вакви кривични дела во иднина, па полициските службеници се уште се под ризик при извршувањето на работните задачи.

Алтернативните мерки се изрекуваат за полесни кривични дела, па се поставува прашањето дали кривичните дела за Напади на полициски службеници се сметаат за полесни кривични дела, ако се земе предвид заштитеното добро како објект на заштита односно полициската служба, која треба да преставува гарант на заштита на јавната безбедност и слободите и правата на граганите, а јачината на загрозувањето или повредата на заштитеното добро преставува една од отежнителните околности, кои судот задолжително треба да ја земе предвид при изрекување на санкцијата, се вели во соопштението на МПС.

Во Синдикатот сметаат дека со ваквите пресуди предметите за напади на
полициски службеници се сведуваат на обичен формализам во постапката на
Јавното обвинителство и Судот, односно обична статистика без да се применат сите одредби на Кривичниот законик и да се изрече правична казна на сторителите.
Во конкретниот предмет е утврдена погрешна квалификација на
кривичното дело односно постапката е водена по член 383, став 1,а сметаме
дека било потребно да се води по член 383, став 2,со оглед дека
полициските службеници се здобиле со телесни повреди, за кое КД е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 5 години, се додава во соопштението.

Синдикатот апелира дека со алтернативните мерки нема да се придонесе кон намалувањето на ваквите појави на напади на полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот