Една година по пресудата зa убиството на Пино Секондо, мајката вели: Нема правда во Македонија

Судење за убиството на Пино Секондо. / Фото: Колаж, архива на Слободен печат

Судот ги уважил жалбите на осудената Ангела Ѓорѓиевска поради погрешно утврдена фактичка состојба и суштествена повреда на постапката.

Побрзо ќе најдеш вода во пустина, отколку правда во Македонија, вели Маја Трпкова, мајка на убиениот Пино Секондо, откако скопска Апелација ја поништи пресудата за убиството на нејзиниот син кој настрада во 2018 година. Во овој процес на 19-години затвор беше осудена младата скопјанка Ангела Ѓорѓиевска.

Адвокатот Еленко Миланов кој ја бранеше Ѓорѓиевска вели дека во образложението на Апелација се вели дека судот ги уважил жалбите и утврдил погрешно утврдена фактичка состојба, како и суштествена повреда на постапката.

Ѓорѓиевска доби голема казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно, утврди дека Ѓорѓиевска  помогнала во извршување на убиството кое се случи во 2018 година. Телото на убиениот Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството, во април 2019 година во атарот на селото Љуботен.

Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството. Тој се гони за кривично дело убиство.

Според обвинението, на 11 декември 2018 година Ѓорѓиевска како соизвршител, задно со лицето Али Фуркан го сторила кривичното дело. Таа дента го повикала Пино и договорила да се сретнат на насипот на Варда во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе ги чекал Фуркан во возило „опел аскона“. Носел пушка. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин расправија, а потоа и се степале. Во еден момент Фуркан со пушката го застрелал Секондо.

Постапката за Али Фуркан е прекината поради тоа што им е недостапен на органите на прогонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот