Единствено со писмено барање до железница, возовите ќе застануваат на локалитетот Стоби, МЖ укина 10 стојалиштата
Ако сакате со воз да отидете на археолошкиот локалитет Стоби, ќе треба да поднесете писмено барање или да пратите меил до МЖ транспорт, во кој ден и час барате возот да застане на постојката. Ова е новото правило кое од 1 јули го спореведе Железница транспорт, бидејќи решија да укинат десет железнички постојки-стојалишта долж пругите во земјава: Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Ореше, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“.
Препорачано
Како што појаснија од МЖ за МИА, укинувањето е поради тоа што овие стојалишта не биле рентабилни односно никој од патниците подолго време не се симнувал на нив. Тоа било заклучено по повеќе од едногодишното истражување спроведено од нивни тимови. Воедно, појаснија дека со тоа МЖ ќе заштеди финансиски средства, бидејќи само едно запирање на возот, МЖ транспорт го чини 300 евра. Тие појаснија и дека од три воза, два не запираат на овие станици.
Како што посочија и со примери, увидено е дека голем дел од поранешните жителите од село Ореше кои таму одат повремено, користат сопствен превоз – автомобил. Тие, пак, кои патуваат со возот не запираат на станицата во Ореше, туку во Богомила, а потоа со такси до село Ореше.


