Единствен преносен вентилатор за животна поддршка, многу помалку трошоци за болнички престој и многу поголема удобност за пациентот и семејството!

Единствениот преносен вентилатор за животна поддршка е наменет и за возрасни и за педијатриски пациенти, а дизајниран е да обезбеди конзистентна терапија и мониторинг, особено во околности кога здравствената состојба се менува или ескалира.

Во ситуации кога станува збор за критични дијагнози и состојби, а сепак е потребна транзиција од болничко во домашно лекување, и најсериозните предизвици во респираторната терапија може успешно да се решат со соодветна примена на апаратот за неинвазивна вентилација Трилоџи ЕВО (Trilogy Evo by PHILIPS Respironics).

Ползата е обострана, многу помалку трошоци за болнички престој и многу поголема удобност за пациентот и семејството, мир и спокоен ум и за двете страни.
„Филипс“ (Philips) прави транзиција кон иднината на респираторната нега, со новиот вентилатор/респиратор за неинвазивна (и/или за инвазивна) вентилација Трилоџи ЕВО (Trilogy EVO). Станува збор за единствениот преносен вентилатор за животна поддршка наменет и за возрасни и за педијатриски пациенти, дизајниран да обезбеди конзистентна терапија и мониторинг, особено во околности кога здравствената состојба се менува или ескалира.
При заминувањето од болница дома или при пренесувањето на грижата за пациентот – на која било возраст, од лекарите на негувателите во домашни услови, респираторната нега претставува сериозен предизвик. Трилоџи ЕВО (Trilogy Evo) им овозможува на пациентите непречено да го надминат заминувањето од болница дома, преку различни сетинзи за нега, кои имаат и врвна клиничка технологија – за постојанa и безгрижна нега.

Што е неинвазивна вентилација или НИВ?

Неинвазивна вентилација претставува апликација на механичка вентилација со употреба на апарат за неинвазивна вентилација, односно позитивен воздушен притисок до белите дробови на пациентот по пат на маска, со што овозможува нормализирање на размената на гасови преку вентилаторна поддршка во случаи кога е нарушена размената на гасови во белите дробови како последица на опструктивен, рестриктивен процес кога постои ограничување во движењето и деформитет, или при мускулна слабост, кога белите дробови немаат доволно снага за да вентилираат соодветно.

Најчести индикации каде што се употребува НИВ: Спинална мускулна атрофија; амиотрофична латерална склероза; Мијастенија Гравис; Дишенова дистрофија;
ХОББ (Хронична опструктивна болест); деформитети на граден кош (кифоза, сколиоза); изразена обезност.

Овојпат верувајте ѝ на технологијата.

За сите информации, не се двоумете да се јавите на телефоните:

Аптека „Бета фармација“ ул. „Рузвелтова“ бр. 21, тел 02 3256 799

Аптека „Бета фармација“ ул. „Иван Милутиновиќ“ бр. 24, тел 02 3227 220


КОМЕРЦИЈАЛЕН ПР ТЕКСТ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот