Еден симптом се појавува кога зборувате, а ако предолго трае може да упатува на рак

Фото: Профимедиа

Познато ни е на сите дека во многу случаеви појавата на рани симптоми на рак изостанува, па примарно е да се знае да се препознаат симптомите, колку и да се суптилни. Стручњаците предупредуваат дека кај една болест се појавува изненадувачки симптом кој би можел на лекарите да им помогне да во рана фаза откријат рак, а тој се јавува кога зборувате.

Ако сте засипнати, посетете лекар

Кога сте настинати, засипнатоста може да биде еден од симптомите, но стручњаците предупредуваат ако тој симптоми не поминува, важно е да посетите лекар за да се открие вистинската причина – особено во некои ситуации кога таа една промена може да значи и дека имате рак.
„Ракот на грло кој се формира на гласните жици често предизивикува засипнатост или промени во гласот. Ако сериозно го сфатите симптомот, ракот може да се открие во раната фаза. Лекарите истакнуваа дека ако засипнатоста не се повлекува по две недели, веднаш посетете стручњак“,стои на веб-страницата на Американското здружение за рак (АКС).

Уште некои видови рак може да бидат поврзани со овој симптом

Најпрво, промените на гласот ќе се воочат кога е во прашање рак кој се развива на гласните жици, но исто така и оној кој се развива на околните подрачја може да предизвика промени па и појава на истиот симптом.
Таквите карциноми често не се откриваат додека не се прошират на лимфните жлезди и додека не се забележи појава на оток на вратот. Рак кој почетно се развива на подрачјето на гркланот или над гласните жици, како и под нив, не мора да предизивка промени во гласот, па често и се откриваат во подоцна фаза“, соопштуваат од Здружението за рак.

Појавата на рак на вратот и главата често се поврзува со нездрави животни навики

Во повеќето случаи, ракот на главата и вратот ќе се категоризира како карцином на плочестите клетки. Експертите од Клиниката Кливленд веруваат дека 3 од 4 карциноми на вратот и главата се предизвикани од прекумерно консумирање алкохол или цигари, а во двата случаи тие ги уништуваат клетките на слузницата на грлото и усната празнина. Колку повеќе и подолго ги користите овие супстанции, толку е поголем ризикот дека кај вас ќе се развие рак на главата и грлото.
Ако го имате овој проблем, вашиот лекар може да предложи различни прегледи, како што е биопсија, за да се открие причината. Секако, колку побрзо посетите лекар, толку се поголеми шансите за рана дијагноза и успешно лекување бидејќи болеста откриена во рана фаза многу подобро реагира на лекувањето. Затоа, доколку забележите промени во форма на засипнатост што не поминува, не ги игнорирајте и закажете преглед кај лекар.

Што е рак на грло?

Ракот на грлото (карцином на ларинксот) е малигнен тумор кој се јавува кога во ткивото на грлото ќе се појават и почнат да се развиваат малигни туморски клетки, кои тоа исто ткиво почнуваат да го разоруваат.
Терминот грло е поширок термин за долниот дел од дишно-дигестивниот пат што го сочинуваат фаринксот (ждрелото) и гркланот. Во гркланот се наоѓаат гласните жици кои вибрираат под влијание на воздушните струи од белите дробови, што доведува до формирање на гласот. Така создадениот глас во фаринксот, устата и носот се обликува (артикулација и резонанца), што доведува до создавање на сопствен, конечен и препознатлив говор на човекот.

Кои се причините за појава на рак на грлото?

Досегашните истражувања недвосмислено докажаа дека ризикот од развој на рак на грлото значително се зголемува поради:
– пушење тутун и консумирање алкохол (особено е опасно здруженото дејство на овие два ризични фактори)
– неправилна исхрана (храна сиромашна со протеини, витамини и минерали)
– намалена отпорност на организмот и ослабен имунолошки систем, изложеност на штетни хемикалии и материи (бои, лакови, прашина, чад)
– гастроезофагеален рефлукс

Колку често се појавува рак на грлото и кај кого?

Од карцином на грлото речиси двојно почесто заболуваат мажите. Најчесто тоа се пациенти од средна и повозрасна доба (помеѓу 50 и 70 години). Последниве години забележан е раст на појавноста на крацином на грлото кај жените и кај помладите лица.

Кои се најчести знаци на настанување на рак на грлото?

Најчестите симптоми (знаци) на болеста се:
– засипнатост и/или промени во јачината и бојата на гласот (кај карциномот на гласните живи многу ран знак на болеста)
– отежнато и/или болно голтање, чувство на туѓо тело во грлото
– оток (јазол) на вратот
– отежнато дишење
– непријатен (смрдлив) здив од устата
– губење на телесна тежината за краток временски период.

Важно е постојано да се повторува дека успешното лекување на ракот започнува со раната дијагноза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот