Еден едноставен трик ќе ви помогне да ги одржите живи вашите растенија

Фото: Pexels / ROCKETMANN TEAM

Растенијата кои ги чуваме во затворен простор, внесуваат свежина и радост во нашиот дом. Покрај тоа, тие се многу корисни бидејќи некои од нив имаат способност да го прочистат воздухот од штетни честички.

Меѓутоа, секое растение бара одредена грижа и често не сме сигурни дали сме ги поставиле на вистинското место и дали добиваат доволно светлина и вода.

Експертот за растенија, Кејт Линдли, откри едноставен трик за одржување на растенијата во живот и одредување на потребната количина на вода, пишува „Мирор“.

Пред секое наводнување, од клучно значење е да се тестира почвата за да се спречи прекумерно или недоволно наводнување. Кејт вели дека за ова ќе ви треба само еден молив. Таа објаснува дека треба да се постави еден молив во првите 10 см од почвата, за да можете да проверувате дали таа е сè уште влажна од последното наводнување. Ако е така, тогаш треба да се избегнува наводнување додека почвата не се исуши.

Кејт нагласува дека не треба строго да се придржувате до режимот на полевање на цвеќето еднаш или двапати неделно и дека е многу поважно да се утврди дали на растението му е потребна вода токму со овој трик. Прекумерното наводнување од секаков вид може да доведе до гниење на коренот од растението, а овој проблем е многу почест во зимските месеци кога на растенијата им треба помалку вода отколку во лето.

Колку вода му треба на растението зависи од многу фактори: големината на садот, почвата, светлината, влажноста на воздухот, температурата во домот.

Кејт ги советува сопствениците на домашните растенија да избегнуваат полевање со ладна вода бидејќи тоа може да го шокира растението поради ненадејната промена на температурата. Идеално е да се користи млака вода на собна температура.

Таа објаснува дека сите растенија во затворен простор се различни и секоја има различни потреби. Некои растенија, како што се кактусите и сукулентите, се особено чувствителни на прекумерно наводнување, додека растенијата како што се папратите не сакаат да бидат во сува почва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот