Е. Пелистер во Унгарија по нови бодови во Лига Европа

бабиќ еурофарм пелистер
Фото: seha-liga.com

Денеска со почеток од 18.45 часот во Унгарија составот на Е. Пелистер ќе го игра својот деветти натпревар оваа сезона во Лигата на Европа.

Противник на играчите на Жељко Бабиќ е екипата на Татабања која е последнопласирана во групата „Д“ со четири бодови.

После осум кола битолчани се на втората позиција со 10 бодови, само еден помалку зад водечкиот Ним од Франција.

На првиот меѓусебен дуел во нашата земја Е. Пелистер лани во ноември славеше убедливо со 33:20.

Составот на Е. Пелистер за денешната пресметка: Филип Ивановски, Мартон Секељи, Марко Кизиќ, Матео Мараш, Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Бојан Маџовски, Дејан Кукуловски, Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Марио Танкоски, Јосип Периќ, Ненад Костески, Милорад Кукоски, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан.

Лига Европа

Група „Д“, 9. коло

Денеска
18.45 часот АЕК – Спортинг
18.45 часот Татабања – Е. Пелистер
20.45 часот Ним – Кадетен

Табела:

1. Ним 11 бодови
2. Е. Пелистер 10
3. Спортинг 9
4. Кадетен 8
5. АЕК 6
6. Татабања 4

Бабиќ: Татабања заслужува максимален респект иако е последна на табелата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот