ДЗС: Во 2020 година над 155 илјади невработени граѓани

Фото: ЕПА/ЕФЕ/илустрација

Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Република Северна Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто.

Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, 39,3 отсто жени,

Според возраста, најмногу невработени (98 362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158 135 лица, трговијата на големо и мало 116 970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95 545

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот