Џулија Робертс и Џорџ Клуни повторно заедно на филм: Тие се ѕвездите во новата романтична комедија

Џулија Робертс
Џулија Робертс и Џорџ Клуни / Фото: Принтскрин/IMDB

Џулија Робертс и Џорџ Клуни играат завојувани родители во новата комедија „Ticket to Paradise“, а сега е објавен и официјалниот трејлер.

Мега филмските ѕвезди се обединија по четврти пат на екранот со проект, предводен од Ол Паркер, британскиот режисер и сценарист кој стои зад мјузиклот од 2018 година „Mamma Mia! Here We Go Again“.

Во новообјавениот трејлер, ги гледаме Робертс и Клуни кои глумат поранешни партнери во мисија да ја спречат нивната ќерка да ја направи истата грешка што ја направиле тие пред 25 години – односно да не се впушти во брачните води толку млада.

Нивната ќерка Лили која ја игра Кејтлин Девер ја запознава љубовта на нејзиниот живот на патување на Бали веднаш по своето дипломирање.

Сепак, судејќи по трејлерот, се чини дека патувањето на Џулија и Џорџ на Бали со цел да ја разубедат нивната ќерка завршува како патување за решавање на сопствените проблеми еден со друг.

Како што се наведува, филмот ќе ја има својата премиера на 21 октомври годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот