Џон Кирби има нова функција во Белата куќа

Џон Кирби / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, сега ќе има поголема улога во администрацијата на Белата куќа.

Според американски официјални претставници, тој ќе има нова функција – советник за комуникации поврзани со националната безбедност.

Кирби започна со работа во Белата куќа во 2022 година како координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност. Претходно немаше таква позиција во Советот.

Сега, според неговите проширени должности, тој ќе раководи посебен тим кој ќе ги координира информациите помеѓу различните американски агенции поврзани со безбедноста.

Кирби е пензиониран адмирал на американската морнарица. Тој работеше како портпарол на Пентагон и Стејт департментот за време на администрацијата на Барак Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот