Џејмс Рубин: „РТ“ и „Спутник“ во Србија се користат за руско мешање во Северна Македонија

Џејмс Рубин во Подгорица/Фото: Твитер/Скриншот

Дописничката на „Гласот на Америка“ од Стејт департментот, Најки Чинг, разговарала со специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин на повеќе теми, меѓу кои и за потпишаниот Меморандум за разбирање на САД со Северна Македонија, за тоа како САД се справуваат со руските дезинформации, како и за употребата на вештачката интелигенција во однос на дезинформациите.

Глас на Америка: Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на сослушувањето во Сенатот на 16 мај на сенаторот Крис Марфи му рече дека Центарот за глобален ангажман работи со одделот на Стејт департментот за Кина, за да се спротивстави на дезинформациите од Кина. Секретарот Блинкен, исто така, рече дека САД сега ги прават достапни за други земји Асошиетед прес, Ројтерс и други објективни извори на информации. Можете ли да дадете повеќе детали за тоа? Кои се тие земји?

Рубин: Манипулациите со информациите се голем проблем за САД. Тоа е проблем во целиот свет. Откривме дека во некои случаи, Кина нуди бесплатни услуги за одредени новински куќи, но за возврат, бара, да не се користат други извори за вести. Ние се обидуваме да се спротивставивме на ова.

Важното е што вестите можат да се преземат, транспарентно е, така што пазарот на идеи сам може да донесува одлуки. Проблем е кога кинеската поддршка не е транспарентна, туку се одвива зад сцената, со скриени намери. И тоа што ние во Центарот за глобален ангажман го правиме е да се обидеме да обезбедиме докази за државите ширум светот кога интегритетот на нивниот информативен простор е нарушен.

Глас на Америка: САД потпишаа меморандум за разбирање со Северна Македонија за соработка во борбата против дезинформации. Што се надевате дека ќе се постигне? Дали САД спроведуваат слични договори со други земји?

Рубин: Откривме дека постоењето на „Русија денес“ и „Спутник“ во Србија, тоа се користи за мешање во Северна Македонија. Се договоривме со Владата на Северна Македонија да склучиме Меморандум за разбирање. Со овие меморандуми се воспоставува волја на друга земја да го третира проблемот со истата итност како што го третираме ние. Тоа не е решение, туку демонстрација на волја. Сега останува на нас да работиме со Владата на Северна Македонија за да им помогнеме да го следат интегритетот на својот информативен простор, да се обидеме да покажеме кога скриената рака на Русија се меша во нивниот информативен простор, да им дадеме алатки за анализирање на труењето на нивниот информативен простор. Тоа е всушност споделување на најдобрите практики за слободни медиуми, проверка на факти, градење отпорност.

„Нашите партнери во Северна Македонија и другите делови на Балканот – Бугарија, Словачка – нѝ кажаа дека го препознаваат ова како голем проблем со кој тие се соочуваат, и ние сакаме да работиме со нив за да обезбедиме кога Русија или Кина или која било друга земја се меша во информативниот простор, тоа да е очигледно, да може да се припише на изворот, за да може јасно да се види влијанието на овие или други држави. Не е погрешно земјите да го презентираат своето гледиште, но тоа повеќе не треба да се крие. Треба да биде транспарентно“, додава американскиот претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот