Џејми Оливер проговори за здравствената состојба на сопругата: Ова трае веќе две години, преплашена е
Познатиот готвач Џејми Оливер неодамна проговори за здравствената состојба на неговата сопруга Џулс, со која е во брак 22 години и ја нарече „апсолутна суперѕвезда“.
Џејми откри дека неговата сопруга се бори со исцрпувачки здравствен проблем во последните две години. Таа се заразила со коронавирусот пред две години и сè уште се бори со несаканите ефекти од вирусот.
„Џулс се зарази со коронавирусот пред две години и имаше потешка здравствена слика. И сега таа има продолжен ковид две години, и навистина ѝ е лошо, за жал. Не е во состојбата во која сака да биде, тоа трае веќе две години, преплашена е“, изјави Џејми за „Daily Mail Weekend“.
View this post on Instagram
47-годишниот готвач објаснува дека и лекарите специјалисти сè уште не можат да ѝ помогнат на Џулс и дека постојано бараат дополнителна помош и можно решение.
„Постојано одиме на лекар, но навистина никој ништо не знае. Податоците за продолжениот вирус сè уште се акумулираат. Таа е апсолутна суперѕвезда“, објаснува Џејми.
View this post on Instagram
И покрај тоа што сè уште не е целосно закрепната, готвачот истакнува дека неговата сопруга се труди да биде насмеана и секогаш достапна за децата.
Џејми Оливер и дизајнерката за детска облека Џулија се во брак од 2000 година и имаат пет деца, 20-годишната ќерка Попи, 19-годишната Дејзи, 13-годишнат Петал и 11-годишниот син Бади и 6-годишниот Ривер.
View this post on Instagram