Џеј Кеј Роулинг, авторката на Хари Потер е загрижена за својата безбедност по трансфобичните коментари

Фото: Профимедиа

Авторката на серијалот книги за Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг, изјави дека знаела дека „многу луѓе ќе бидат незадоволни“ откако јавно ги објави своите ставови за трансродовите прашања.

Во подкастот насловен „Судење на вештерки“, Роулинг рече дека и покрај тврдењата на некои во јавноста дека ја „изневерила“ пораката од романите за Хари Потер, таа „апсолутно стои зад ставовите“, пренесува „The Guardian“.

Роулинг ретко дава интервјуа, а во подкастот се потсети на нејзиниот твит од 2019 година за поддршка на Маја Форстатер, која ја загуби работата откако објави дека трансродовите жени не можат да го променат својот биолошки пол.

„Бев длабоко вознемирена од фактот дека она што го гледав како културно движење беше донекаде нелиберално во своите методи и сомнително во своите идеи. Апсолутно знаев дека ако зборувам јавно, многу луѓе кои ги сакаат моите книги ќе бидат длабоко незадоволни од мене“, рече Роулинг.

Таа изјавила дека „повремено се плаши за својата безбедност и безбедноста на нејзиното семејство“, како и дека „времето ќе покаже дали згрешила“.

Хистерија меѓу фановите: Хари Потер се враќа на големото платно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот