Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT / MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Џастин Бибер гo прекина молкот за гласините дека бил жртва на Диди: „Жртвите со право ја заслужуваат правдата“

Џастин Бибер го прекина молкол за гласините што го поврзуваат со Шон Диди Комбс, само неколку дена откако започна судењето на музичкиот могул по обвиненијата за трговија со луѓе.

Имено, раперот (55) се соочува со низа кривични обвиненија, а меѓу обожавателите се рашири страв дека и Бибер (31) можеби бил една од жртвите на Диди во неговите рани години во музичката индустрија.

Сепак, Бибер во објави соопштение во кое конкретно негираше дека бил цел на Диди.

„Иако Џастин не е меѓу жртвите на Шон Комбс, има луѓе што тој навистина ги повредил. Пренасочувањето на фокусот од тој факт ја намалува борбата за правда што овие жртви со право ја заслужуваат“, изјавил неговиот портпарол за „Ти-ем-зи“.

Извори блиски до пејачот, исто така, за „Ти-ем-зи“ изјавија дека Диди никогаш не го злоупотребил Џастин на никаков начин.

Двајцата се зближија откако ги поврза менторот на Џастин, Ашер (на крајот на краиштата, Диди беше ментор на Ашер). Тие можеа да се видат заедно со години, но по апсењето на Диди, Бибер се дистанцира, а обожавателите мислат дека ситуацијата открива низ што минувал младиот Бибер на почетокот на својата кариера.

Бибер во интервјуа откри дека Диди го поканил во својот дом во Њујорк на самиот почеток од неговата кариера, каде што разговарале за музиката и индустријата. Бибер често во интервјуа нагласуваше колку бил исплашен и возбуден во тој момент бидејќи се сретнал со една од најголемите ѕвезди во рапот и продукцијата.

Во 2009 година, младиот Бибер објави видео на Јутјуб наречено „48 часа со Диди“, на кое се гледа тинејџерот Бибер како се дружи со музичкиот могул, сега обвинет за трговија со луѓе.

Потсетете се дека судењето на Диди започна во понеделник, а тој е обвинет за трговија со луѓе, рекетирање и транспорт со цел проституција. Кеси Вентура, со која Диди беше во долгогодишна врска, е главен сведок на обвинителството, а на суд таа изнесе обвинувања за физичко, сексуално и психолошко злоставување.

ФОТО | Џастин Бибер проговори за своите темни мисли: „Го обвинував Бога, се губам себеси“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот